اخر الاخبار

آخر الأخبار

РОДЕНДЕНСКА.. Љубица Поповска

 



Спомените како
сонливи пеперутки
се разбудија пред изгревот
на сонцето.

Роденденот како
предизвик
за нов почеток во животот
дојде со нив.

Воздухот ми мириса
на надеж
како во младешките
години.
Станувам, но годините
тежат покрај радоста
што ги крепи за овој ден.
Ме престигна времето,
се топи како грутка
снег,
чекорејќи по линијата
испишана на дланките
од животот,
а како ехо ми одѕвонуваат
чекорите на изминатото
време.
Мислите ми се заробени
во прашањата
за нешто што можело
да ја стопли душата, а
не се случило и за уште
многу нешта
за животот да ми биде
подобар и поисполнет?!!!

Надеж, прочисти ми ја
душата
за да го зацврстам чекорот
во времето и иднината
до следните мои
Родендени ?!!!

      Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation