МЕЃУ ДВА СВЕТА.. Олга Наумовска
Македонија
Во крвотокот на ноќта
копнежи врели се плодат...
Под кепенците на твоите очи
капки роса ко скапоцен бисер.
Не ја разбирам тагата
ни радоста, ни убавината
Светот трча по стапките
на сите убави времиња.
Луд ветер ги ништи
моите сеќавања за тебе
како бранови на разиграно море.
Во сонот секоја минута
се раѓа нова желба,
нова надеж,
и ги руши мостовите
на бурно минато.
А огледалото од морето
каде се огледува небото
Јас и Ти прикачени
како лого на измислен свет.
Во крвотокот на ноќта
копнежи врели се плодат...
Под кепенците на твоите очи
капки роса ко скапоцен бисер.
Не ја разбирам тагата
ни радоста, ни убавината
Светот трча по стапките
на сите убави времиња.
Луд ветер ги ништи
моите сеќавања за тебе
како бранови на разиграно море.
Во сонот секоја минута
се раѓа нова желба,
нова надеж,
и ги руши мостовите
на бурно минато.
А огледалото од морето
каде се огледува небото
Јас и Ти прикачени
како лого на измислен свет.
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation