اخر الاخبار

آخر الأخبار

СОН.. Љубица Поповска

 




Сон создадов и во него
Ти!!!

Младоста, љубовта, како
пролетни воздишки и
вибрации се разлеаја и не’
поплавија нас.
Ноќните пеперутки заслепени
од уличните светилки
се преселија во нашите стомаци
разиграни.
Желбите како младешки
луди, пролетни потоци
потекоа…

…Како оган дојде,
како бледа сенка замина,
како изветреано вино од
чашата на љубовта допрено,
но недопиено…

…Сега остарел пределот на
срцето каде беше Ти ,
- избледил.
Не си ни бледа сенка
веќе!
А и животот убаво ми мине!!!

      Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation