اخر الاخبار

آخر الأخبار

БИДИ МОЈ СОН.. Олга Наумовска

 




Р.С.Македонија

На прозорецот кепенци ставам
за да се оградам
од силните дождови
на твоите сини очи.

Раната ми крвави
со гранчиња палмови ја покривам
со надежи ја лекувам
со љубов ја крунисувам.

Во зениците слика чувам
каде расте семето на љубовта
последна голтка на жедното утро
желно за љубов и жар.

Биди ми гостин
како светлината на денот
како месецот на ноќта
како ѕвезденото стадо на небото
како реките на морето...

Биди ми мој сон
од соништата распливнати,
соновник кој ќе ги толкува
моите сонови од јавето.

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation