ПОНЕКОГАШ КОГА СЕ ВЉУБУВАМ.. Rajko Stojanoski
239/2021 d.
Понекогаш кога ти го допирам лицето -
ги барам твоите солзи што ме браздат,
и не ме прашувајте зошто имам вето?
Тоа мислите мои по неа стално растат.
.
Прстиве лизгаат низ твојот образ
што ли бараат тоа не го знам и јас,
надвор врне дожд се спрема и град
морам да молчам со зарипнат глас.
.
Посакав да го стегнам лицето твое,
зошто молчи кога болката ми врие -
би те повредил како најмило мое
и тогаш ќе нема што повеќе да се крие!
.
Сакам да те повредам кога не сум те создал;
да бидам твојот создател, би била така грда
лицето со брчки, слугинка на твојот крал
окото вперено во мене, никаде да мрда!
.
И ниеден поет друг да не напише песна,
моја да бидеш во стихот да ми леташ,
оф, tоа лице што ми мори мисла лесна
за мене да си создадена а да ми сметаш.
.
Нека ги баrааt грешките во моите строфи -
да не знаат каде да те најдат, во која слика?
Нека од мене излезе и таа рофја
што не ми дава мир и како молња блика.
.
Само понекогаш кога те љубам во убавиот врат
секоја гушка сака да биде остер бодеж,
од грлово испуштам огин од највисокиот кат
сонцето ќе го украдам без да му дадам надеж.
.
И кога те сретнав денес пред да се стури
тој дожд што Полог со месеци го чека,
моите зборови повторно беа толку штури
си помисли можеби, чија е оваа дека?
.
Како по обичај, искреноста е молчелива
не знае да изусти љубов полна со таги,
и ти ќе ми заминеш низ бавчата каллива
дождот ќе ги измие сите твои траги.
.
Некаде таму, Скопје се капеше во сонце
асфалтот гореше мислиш бара твое стапало,
јас ти понудив ладна вода од Полог во лонче
ти ме погледна, зар твоето ноѓе и тука стапнало?
.
Понекогаш кога ти го допирам лицето -
ги барам твоите солзи што ме браздат,
и не ме прашувајте зошто имам вето?
Тоа мислите мои по неа стално растат.
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation