اخر الاخبار

آخر الأخبار

ЛЕТНА ЕЗЕРСКА БАЈКА РАЃАЊЕ НА ДЕНОТ.. Љубица Поповска

 



Пред рудење на зората на Денот
на полјаната крај езерото…

…Се затрчаа два бели коња
во ритмот на месечевата песна
со белите гриви
кои блескаа на месечината,
играјќи со копитата започнувајќи
играта фламинго.
Ветрето со аплаузи од своите крила
го одржуваше ритмот на ноќта.
Песната како дресер царуваше со
нивните движења и игра кон
нивните подадени глави во
ритмот…
Ѕвездите ги ронат последните солзи
кон крајот на летото.
Меѓу нив се разигра и танчарката на
ноќта.
Со ножевите на осаменоста ги раскина
синџирите.
Неонската белина на светулките и го
осветлуваат вилинскито лице.
Ноќта и ја подарила црната коса,
бисерните школки очите,
галебите својата песна.
Рибите точат шампањ во пехарите
од крлишки.
Полноќниот спектал ја достигна
својата кулминација.
Песната почна да ја прогонува
темнината.
Танчарката мора да побегне!
Стражарите на Денот што се
раѓа
немоќни се да ја заробат.
Коњите бели ја донесоа Зората
и се враќаат во шаторовите крила
на изгубената песна.

     Автор: Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation