СЛУЧАЈНОСТ.. Љубица Поповска
Кој си ти кој застана на
мојот пат
да ми бидеш судбина?!
Зрнце на љубов беше ли,
за да се сопнам на него,
да ме жегне во срцето?!
Не знам дали шепотот на
ветрот пролетен
те донесе како благослов,
лекција или казна…судбина…
Само со една случајна средба,
негов допир и прегратка
се изгубив себе си!!!
Го изгубив патот до дома!
Ти, љубов- магија си ме
зафатила,
не знаев кога ќе ме опиеш со
магичниот напиток
и ми се вовлечеш во секое делче
од телото како невозможност.
Ко трепет протекуваш, навлегуваш
ко извор вода.
Крадиш делови од телото и
срцето!
Никој не може да го сопре тој
наплив од воздишки разлеани
низ душата!
Стигнав празна!
Во огледалото го нема мојот
лик, ни усните,
не ги чувствувам ни рацете, ни
нозете!
Се’ се преселило и останало
кај него!
Ќе треба време да се повратам
себе си!
Месечината заглавила во косите
на врбите крај реката.
Причина си ти никој да не го види
мојот очај кој го ронам седејќи на
брегот од реката.
Таа со себе да ги однеси и солзите
кои капат,
видливите и невидливите!
Автор: Љубица Поповска
мојот пат
да ми бидеш судбина?!
Зрнце на љубов беше ли,
за да се сопнам на него,
да ме жегне во срцето?!
Не знам дали шепотот на
ветрот пролетен
те донесе како благослов,
лекција или казна…судбина…
Само со една случајна средба,
негов допир и прегратка
се изгубив себе си!!!
Го изгубив патот до дома!
Ти, љубов- магија си ме
зафатила,
не знаев кога ќе ме опиеш со
магичниот напиток
и ми се вовлечеш во секое делче
од телото како невозможност.
Ко трепет протекуваш, навлегуваш
ко извор вода.
Крадиш делови од телото и
срцето!
Никој не може да го сопре тој
наплив од воздишки разлеани
низ душата!
Стигнав празна!
Во огледалото го нема мојот
лик, ни усните,
не ги чувствувам ни рацете, ни
нозете!
Се’ се преселило и останало
кај него!
Ќе треба време да се повратам
себе си!
Месечината заглавила во косите
на врбите крај реката.
Причина си ти никој да не го види
мојот очај кој го ронам седејќи на
брегот од реката.
Таа со себе да ги однеси и солзите
кои капат,
видливите и невидливите!
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation