اخر الاخبار

آخر الأخبار

СТАРА МАЈКА.. Љубица Поповска





Стуткана како камен
во коровот на мртвиот пејсаж
на животот во заоѓање,
старицата мајка му пркоси
на времето.
Жеги и ветрови луди
навлегле во нејзините
животни меѓи и
направиле пустош во
кревкото тело
во кое со топлината од срцето
и со храброст на родилка
ги бранеше топлите легла
на сега заминатите чеда.

Залутана низ пределите
каменити, суви без меѓи
немаше веќе ни глас
да го разбуди јавето и
да го врати назад
сонот изгубен
во нејзините мајчински
порти.
Полека изчезнува и меморијата
од лузните во душата
како болно стенкање на животот
што се топи како мраз.
Чекањето, времето ја нагрдиле,
само уште во срцето и’ стои
прекрасниот извор на љубовта
кој љубоморно го чува во осаменоста
да не го пресушат времињата
непрокопцани.

Нејзините надевања се изгубија
во чекорите кон вратата на
иднината
кон која ги чекаше да појат
тие за кои сега и
вечерта празна и’ доаѓа.

          Автор:Љубица Поповска

ليست هناك تعليقات

مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation