МАЈКА ТЕРЕЗА… Љубица Поповска
ЉУБОВ
И корен и гнездо
стана,
болката што по светот
лебди,
во твоето гнездо ја збра.
Љубов ти е името
и оној порив
што в душа го плетеш,
за воздишките на болните
и повикот нивни за помош,
нежност, нега.
За оние кои немаа
утеха своја
и во твоето патешествие
да ја најдат во твојот дом
- душата твоја.
Љубовта твоја, топол
џемпер да им сплете
и ги загрне и згрее
и на лицата нивни
насмевка да им слета.
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation