ЉУБОВ ВО БИТОЛА.. Автор: Љубица Поповска
Заминав во утрото
со проклетство на чекорот
и се упатив во Битола
“ занает да научам”
- своја да бидам.
И никој не ми кажа дека
камбани ќе бијат во градиве,
во моите - твоите
и за сјајот на животот
со простор широк
Широк Сокак.
Сега изгубена сум
птица во бура
што вртлогот на животот
ја понел,
та жеднеам за еден пристан
“ не научив занает,
тук’ научив љубовта”.
И кој ми го даде проклетството
за оваа љубов
да му испукаатусните
жедни за бакнеж,
да му изгорат градите
желни за прегратка,
да осамне сам камен
на брегот.
( По истоимената песна за Битола)
Од збирката” Битола, бабам, Битола”
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation