МЕЃА НА ЖИВОТОТ.. Љубица Поповска
На меѓата на животот
застанав,
мислев да избегам од
дрскоста на луѓето,
од гневот собран во
мене,
од вистините и лагите,
од туѓите зборови кои
ми ја одредуваат судбината.
Мислев да ја прескочам
меѓата и се’
да оставам зад себе,
но по мене
се влечеше и понатаму
пајажината од пајакот
- живот
во која бев заробена,
кој ме сопираше во
мојот бег
за да пречекорам од
другата страна на меѓата
во НОВ ЖИВОТ.
Но ехото од вселената
каде е залутана судбината
ми вели:
- Без оглед на тоа што
ти се случува
ти си борец, а не жртва.
Секој живот е круг
од кој нема излез.
Од најновата збирка во припрема “ Меѓа на животот”
Автор: Љубица Поповска
ليست هناك تعليقات
مرحبا بكم في الموقع الإعلامي للمنتدى الثقافي الدولي شكرا لتواصلكم معنا ولمشاركتكم الفاعلة
Welcome to the media site of the International Cultural Forum. Thank you for contacting us and for your active participation